Моето синче има 17 месеци, неговитеобравчињата се постојано црвени и има многу ситни мозолчиња. Нашиот педијатар ни рече да го мачкаме со pentaxol крема, ама не му поминува, па да ми каже докторката, со што да ги мачкаме или што друго да преземеме?


- Може да се работи за егзем, кој сега, во зимските месеци поради студот станува понагласен. Важно е да се нанесува често крем на сувите делови на образите, може и неколку пати во денот. Може да користите кој било навлажнувач: рибино масло, обичен вазелин (без додатоци на парфем или други додатоци). Доколку се црвени може да користите и крем со цинк, бидејќи цинкот го смирува црвенилото. Важно е да не биде претопло во просторијата, да не го облекувате премногу, затоа што овие деца не поднесуваат топло. Најверојатно, кога ќе помине зимата, во тек на пролетта и летото, под дејство на сонцето ќе се смират промените на образите. Може и сега, во тек на зимските месеци да користите капки АД место витамин Д или Вигантол, поради важноста на витаминот А за кожата.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr