Имам  двегодишна ќерка, нема ништо на кожата нема никакви брунки, но се чеша.  Вака е веќе две недели. Бевме на доктор и ни даде сируп за алергија,  но не и помогна. Повторно се чеша по цело тело. Ако може да ни каже докторката како да го спречиме чешањето.


- Чешањето не секогаш значи алергија и може да биде предизвикано и од други состојби. Во зимските месеци може, доколку кожата е посува и од студ или од волна или претопленост, да се појави чешање. Обично антихистаминици не помагаат кај чешањето. Важно е користење на навлажнувачи, кои ја прават кожата мека  и може да се намали чешањето. Во секој случај треба да се консултирате со вашиот педијатар за можни други причини за појава на чешање.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr