Моето синче има 4 месеци.Уште кога се роди по лицето имаше некои поткожни мозолчиња, а внатре имаат нешто бело. Повеќето од нив исчезнаа, но на десното обравче му останаа. Па, ако може да ми кажете што да користиме за да му исчезнат и овие. На почетокот го капевме со сапунче Eucerin, дали е можно тие да му исчезнаа од сапунчето.


- Се работи за Милиа – бели дамки,  кои најчесто се јавуваат на нос и лице, а се должат на затнување на масните жлезди.  Обично исчезнуваат спонтано во тек на неколку недели и нема потреба од никаква терапија.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr