Имам четири месечно бебе и има атопичен дерматит….од време на време е поизразен, а некогаш се смирува. Распостранет е само на стомачето и градите, а на друго место не…. во вид на ситни црвенки, мозолчиња, а околината им е црвена. Користам само памучна облека, се бањаме секој втор ден, за купка користам линола, а за мачкање мустела стелатопија, ама нема некој ефект. Прашањето ми е, каква друга козметика да сменам и дали како што ќе расте бебето ќе исчезне и овој дерматит …како и некој совет околу оваа проблематика…

Сакам да прашам - имам двегодишно синче и на двете надлактици има крукчиња испукана и сува кожичка.Како да го третираме?

Со што да ги мачкаме бебињата после капење? А со што да ги штитиме од настинка? Дали има гел препорачлив за бебиња?

Имам прашање за докторката, поврзано со мојата едногодишна ќеркичка, која има проблем со кожата на вратот и назад на тилот, постојано се чеша дури и во спиење. Вратчето и е постојано црвено, и веќе подолго време го имаме овој проблем. Како да го спречиме и негуваме, дали станува збор за некој кожен проблем?

Моето синче има 17 месеци, неговитеобравчињата се постојано црвени и има многу ситни мозолчиња. Нашиот педијатар ни рече да го мачкаме со pentaxol крема, ама не му поминува, па да ми каже докторката, со што да ги мачкаме или што друго да преземеме?

Колку често треба бебешката кожа да се премачкува со рибино масло? Јас повремено пробував неколку пати во првите 2-3 месеци, но страшно ми смета мирисот, и од тогаш само со маслото на becutan по бањање и секој ден по малку кремче на лицето…маста na Becutan со рибино масло не сум јa пробала, всушност сега видов дека има таков производ …

Моето синче има 13 месеци  и пред извесно време беше настинат и примаше терапија. За два дена дена приметив дека на обравчињата на лицето  му се создадоа ранички. Дали е можно да е од терапијата што ја прима? Да напоменам алергично е на пеницилин.

Зошто се суши/лупи и како да се негува кожата на бебешкото главче ?

Имам дете од пет години на кое, на лицето му се појавува нешто како лишај. На кожно ни рекоа  да користиме Канестен, и тоа го користиме, не се шири, но штом престанеме, веднаш се појавува?

Имам ќерка од 4 години. На 2 годинки и се појави црвенило на препоните и повнатре кај вулвата па околу очињата и на  главчето. Ни препишаа секакви масти но ништо не помага, уште има црвенило доле, не се повлекува ич. Ве молам за совет.

Сакам и јас да поставам едно прашање. Синот се роди со мала црвена точка на задниот дел од вратот, со големина од еден милиметар (може и помалку). Со тек на време точката обледе, доби боја како кожата. Се прошири и сега на 19 месеци му е долга околу 2-3 сантиметри, но веќе престана да се шири. Изгледа на гребнатина. Матичниот педијатар рече дека не е ништо сериозно. Дали препорачувате да посетиме дерматолог? Детето не се чеша и не покажува никакви знаци дека му пречи.

Дали е доволно бебето да се бања само со сапун и шампон за капење, а потоа да се премачка со млеко за тело. Моето бебе има 16 месеци и има нормална кожа.

Моето синче има 4 месеци.Уште кога се роди по лицето имаше некои поткожни мозолчиња, а внатре имаат нешто бело. Повеќето од нив исчезнаа, но на десното обравче му останаа. Па, ако може да ми кажете што да користиме за да му исчезнат и овие. На почетокот го капевме со сапунче Eucerin, дали е можно тие да му исчезнаа од сапунчето

Имам  двегодишна ќерка, нема ништо на кожата нема никакви брунки, но се чеша.  Вака е веќе две недели. Бевме на доктор и ни даде сируп за алергија,  но не и помогна. Повторно се чеша по цело тело. Ако може да ни каже докторката како да го спречиме чешањето.

Ако може за совет! Имам четиримесечно синче. Уште кога се роди на носето имаше ситни бели точки како поткожни мозолчиња, кои за некое време му се изгубија,  но сега повтроно му се појавија.Користиме кремче од Becutan, дали треба да го мачкаме со некоја посебна крема за да се изгубат?

Ќеркичката беше гризната на обравчето од другарче во градинка. Местото најпрво беше модро па побледе, ама сé уште се познава малку,  со што да го третираме, да не остане белег?


Моето бебенце има три и пол месеци и уште му излегуваат бебешки акни на обравчињата. Пробавме со Мустела – Стелатопија и со Бекутан кремата со цинк оксид. Нема некој голем ефект, моментално му помага, а потоа пак се јавуваат.

Здраво, моето бебенце има два месеца и на грпчето има ситни црвени точки како осип. Го мачкам со Јекодерм, но не му помага. Исто така, имаше и на обравчињата, ама му помогна.