Имам дете од пет години на кое, на лицето му се појавува нешто како лишај. На кожно ни рекоа да користиме Канестен, и тоа го користиме, не се шири, но штом престанеме, веднаш се појавува?
- Најверојатно се работи за габична инфекција која со Канестен се смирува. Габичните инфекции се макотрпни и бараат подолготрајна локална терапија (2-3 недели). Потребно е кожата на лицето да се мие со вода, да се одржува сува, да не се користат масла и лосиони.Избегнувајте користење на антибиотици кои подржуваат развој на габични инфекции. Консултирајте се со дерматологот за времетраење на терапијата доколку не се работи за некоја друга кожна состојба.