Моето бебенце има три и пол месеци и уште му излегуваат бебешки акни на обравчињата. Пробавме со Мустела – Стелатопија и со Бекутан кремата со цинк оксид. Нема некој голем ефект, моментално му помага, а потоа пак се јавуваат.


- Доколку се работи за бебешки акни обично тие исчезнуваат спонтано во тек на вториот месец и нема потреба од никаква дополнителна терапија. Со оглед дека користењето на стелатопија и крем со цинк имаат ефект на промените, можеби не се работи за бебешки акни. Консултирајте се со вашиот матичен доктор, да не се работи за егзем или некои други промени.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr