Сакам и јас да поставам едно прашање. Синот се роди со мала црвена точка на задниот дел од вратот, со големина од еден милиметар (може и помалку). Со тек на време точката обледе, доби боја како кожата. Се прошири и сега на 19 месеци му е долга околу 2-3 сантиметри, но веќе престана да се шири. Изгледа на гребнатина. Матичниот педијатар рече дека не е ништо сериозно. Дали препорачувате да посетиме дерматолог? Детето не се чеша и не покажува никакви знаци дека му пречи.

- Доколку педијатарот ве советувал дека не е ништо сериозно, нема потреба да посетувате дерматолог. Нека го следи вашиот педијатар, доколку има потреба,  тој ќе ве упати на консултација.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr