Моето синче има 13 месеци  и пред извесно време беше настинат и примаше терапија. За два дена дена приметив дека на обравчињата на лицето  му се создадоа ранички. Дали е можно да е од терапијата што ја прима? Да напоменам алергично е на пеницилин.


- Децата до три години доколку не одат во градинка главно се разболуваат од вирусни инфекции за кои нема потреба да примаат никакви лекарства. Секоја вирусна инфекција трае од четири до седум дена и спонтано поминува. Особено, со оглед дека вашето дете има склоност кон алергиии, пожелно е да не примате лекарства непотребно (антибиотици, сирупчиња на база на тревки, антипиретици). За температура користете антипиретик доколку температурата е поголема од 38,50С под мишка. Тешко е да се каже дали промените на образите се поврзани со примањето на лекарствата, можно е самата инфекција во комбинација со лекарствата да ги нагласила тие промени.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr