Колку често треба бебешката кожа да се премачкува со рибино масло? Јас повремено пробував неколку пати во првите 2-3 месеци, но страшно ми смета мирисот, и од тогаш само со маслото на becutan по бањање и секој ден по малку кремче на лицето…маста na Becutan со рибино масло не сум јa пробала, всушност сега видов дека има таков производ …


- Бебињата се капат секој ден и пожелно е веднаш после капење да се намачка кожата со крем за нега. Доколку кожата на вашето бебе е со нормална влажност, доволно е да се нанесе крем за нега. Доколку е посува може да користите витамински крем или некој друг навлажнувач. Ако имате проблем со црвенило и осип во регија  на пелената може да користите крем збогатен со цинк. Значи не е неопходно да го користите рибиното масло за нега на кожа.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr