Здраво, моето бебенце има два месеца и на грпчето има ситни црвени точки како осип. Го мачкам со Јекодерм, но не му помага. Исто така, имаше и на обравчињата, ама му помогна.


- Со оглед дека вашето бебе е сé уште мало и терморегулацијата не е зрела, бидете внимателни да не го преоблекувате премногу. Доколку се претоплува бебето со облека и со покривање може да се појави осип. Ориентација нека ви биде тоа како сте вие облечени, исто така облекувајте го и вашето бебе. Исто така, температурата во просторијата треба да биде околу 20 степени, затоа што доколку е претопло може до доведе до појава на осип на кожата. Обидете се да го расоблечете вашето бебе и да видите дали тоа ќе доведе до повлекување на осипот. Доколку и понатаму е присутен консултирајте се со вашиот матичен доктор.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr