Ако може за совет! Имам четиримесечно синче. Уште кога се роди на носето имаше ситни бели точки како поткожни мозолчиња, кои за некое време му се изгубија,  но сега повтроно му се појавија.Користиме кремче од Becutan, дали треба да го мачкаме со некоја посебна крема за да се изгубат?


- Кај бебињата непосредно после раѓање се појавуваат мали и бели точки на лицето во пределот на носот и обично исчезнуваат.  Тие се должат на хормоните од мајката. Мислам дека не е ништо сериозно, но почекајте да видите дали ќе исчезнат. Може да се консултирате со вашиот педијатар кога ќе одите на редовна контрола. Непосредно после бањање пожелно е нанесување на крем за нега на целото тело за да се сочува и одржува нормалната влажност. Нема потреба од нанесување на посебна крема.

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr