Бадемов крем


Следејќи ги секојдневните потреби на најмалите, развиена е нова формулација на крем наменет за секојдневна нега на бебешката и детска кожа, чиишто состав во својата содржина се базира на масло од бадем. Becutan детскиот бадемов крем има особено блага и хипоалергена формулација,

а сите компоненти кои влегуваат во неговиот состав имаат дејство да ја подобруваат влажноста на кожата, да ја смируваат и превентивно делуваат против појавата на црвенило и иритации. Не содржи парабени.


Во својот состав содржи:

  • Масло од бадем, кое е богато со витамини А, Е и D. Маслото помага во одржување на нормалната влажноста на кожата, истовремено, го намалува црвенилото на кожата и ја зголемува нејзината отпорност кон надворешните влијанија.
  • Ланолин кој ја одбива водата од површината на кожата и создава физичка бариера во допир со влага, притоа го спречува исушувањето на кожата и помага во одржувањето на нејзината природна влажност.
  • Цинк оксид, создава тенок заштитен слој кој површината на кожата ја одржува сува, а истовремено го спречува и го смирува црвенилото, осипот и иритацијата кај надразнетата кожа.
  • Вазелин, го подобрува заздравувањето на испуканата кожа и го спречува губитокот на влага од кожата.

Кремот може да се користи и во пеленската регија. Не содржи парабени, бои и алкохол. Се нанесува во тенок слој, на  чиста кожа со благо втривање.

  • Не содржи парабени;
  • не содржи алкохол;
  • не содржи бои;
  • има приспособена pH вредност;
  • со масло од бадем, ланолин, цинк оксид и вазелин;
  • погоден и за нега во пеленска регија.

Достапност:

100ml

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr

Поврзани производи