Becutan пена за миење  рачиња и лице 250ml


Пената за миење рачиња и лице Becutan е особено блага формулација на течен сапун, спакуван во посебен тип амбалажа кој овозможува создавање креместа пена при секое истиснување на содржината. На овој начин секојдневната рутина на миење раце и лице ќе стане забавна навика за дечињата и сето тоа придружено со препознатливиот мирис на Becutan!

Пената нежно ги отстранува нечистотиите од рацете и од лицето, а активните компоненти дополнително ја штитат и ја негуваат чувствителната детска кожа. Благите состојки ја заштитуваат кожата од исушување.

Она што најдобро ги отстранува нечистотиите од кожата е всушност самата пена, а децата честопати знаат да бидат нетрпеливи и да се измијат пред таа да биде создадена. Посебниот механизам на пумпичка кај течниот сапун Becutan ја создава пената уште со самото истиснување од шишенцето и на тој начин обезбедува поголем ефект при отстранувањето на нечистотиите од детската кожа.

  • не содржи алкохол.
  • не содржи бои.
  • не содржи парабени.
  • дерматолошки тестиран.
  • со избалансирана pH вредност за детската кожа.

Достапност

200ml

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr

Поврзани производи