Becutan пенливо средство за капење со камилица 200ml


Благо средство наменето за нега и заштита на нежната бебешка кожа, уште со првото капење.

Зошто за првото капење?

Новороденчињата доаѓаат на свет покриени со креместа обвивка, наречена Vernix caseosa. Оваа обвивка има функција да ја штити нивната кожа во текот на целата бременост. Со цел да бидеме што поблиску до негата на која се навикнати бебињата во стомакот на мама, Becutan средството за капење со камилица содржи Glyceryl oleat - природна состојка која е составен дел на Vernix caseosa, што особено придонесува во одржувањето на заштитната функција на бебешката кожа.

Комбинацијата на висококвалитетни активни материи од природно потекло, ја превенира опасноста од сушење на кожата, дури и при често капење. Камилицата спречува појава на иритација и ја смирува кожата, Д-пантенолот ја регулира влажноста и заедно со екстрактот од пченични ‘ркулци ја кожата нежна, мека и еластична. Не содржи парабени.


  • Не содржи сапун;
  • не содржи алкохол;
  • не содржи парабени;
  • клинички тестиран;
  • содржи glyceryl oleat – природна состојка која придонесува за одржување на заштитната функција на бебешката кожа;
  • со камилица и Д-пантенол;
  • има приспособена pH вредност.

Достапност

200ml

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr

Поврзани производи