Becutan маслено средство за капење 150ml


Следејќи ги потребите на најчувствителната кожа, развиена е нова формулација на производ во колекцијата Becutan - маслено средство за капење, првенствено создадено за нега на сува и на изразито чувствителна бебшка кожа. Овој производ нежно ја чисти и ја навлажнува кожата, ја омекнува и штити од иритации.

Како дејствува?

Формулацијата на масленото средство за капење Becutan е изработена врз база на природни растителни масла: масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло. Екстрактите од овие масла богати се со масни киселини - омега 3 и омега 6, кои припаѓаат во групата мембраноформирачки фосфолипиди, што подразбира дека помагаат во одржувањето на природниот липиден баланс на кожата и придонесуваат за јакнење на нејзината заштитна функција. Природните растителни масла лесно се апсорбираат во кожата, влијаат на подобрување на нејзината еластичност и ја омекнуваат. Покрај масните киселини, содржи и витамин Е, кој дејствува антиоксидативно, антиинфламаторно и регенеративно; витамин А, кој ја одржува природната влажност на кожата и витамин Ц, кој ја подобрува микроциркулацијата, а со тоа и размената на хранливите материи во клетките на кожата, при што придонесува таа да остане мазна, нежна и еластична.

Како се употребува?

Во водата за капење (5-10 l) се става 5-10 ml од масленото средство за капење Becutan и се разматува, при што настанува млечнобела емулзија во којашто се капе бебeто. Не е потребно плакнење, доволно е бебето да се завитка во пешкир и со благо тапкање да се впие вишокот пена. Растителните масла ќе се апсорбираат во кожата и ќе придонесат таа да остане нежна, мека и еластична, без знаци на сувост. Капењето е лесно и едноставно, а една од состојките има и благо омекнувачко својство, што потпомага во расчешлување на косата. Овој производ, освен за бебиња и за деца, го препорачуваме и за возрасни, кои имаат сува и осетлива кожа.

  • Клинички тестиран;
  • со омега 3 и 6;
  • со витамини А, Е и Ц;
  • со масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло;
  • има приспособена pH вредност;
  • се препорачува за возрасни со сува и осетлива кожа.

Достапност

150ml

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr

Поврзани производи