Нема ништо поубаво од мека, нежна бебешка кожа. Но сепак, можна е и појава на кожни проблеми кои ги загрижуваат родителите. Многу бебиња се чувствителни на кожна иритација во првите месеци. Еве како да се справите со овие промени.

 Новородените се склони кон осипи, но треба да знаете дека повеќето од нив не ја оштетуваат кожата и спонтано поминуваат. Грижата за бебешката кожа понекогаш се чини сложена , но не е така.


1. Пеленски дерматит

1. Ако има црвенило во пределот на пелената, најчесто се работи за пеленски дерматит. Се јавува поради иритација на кожата која доаѓа во допир со нечистотиите и влагата од пелените. Најдобар начин за превенција е да се чува пеленската регија сува, да се менуваат пелените почесто – штом се навлажнат, да се мие кожата со топла вода и да се нанесе крем кој содржи цинк оксид.

2. Бебешки акни

2. Друга промена која може да делува загрижувачки се бебешките акни. Тие се резултат на мајчините хормони и се јавуваат на образите и околу носот. Хормоните поттикнуваат производство на маснотии со што се затнуваат масните жлезди. Исчезнуваат спонтано после неколку недели. Не треба да се третираат.

3. Кожни белези

3. Кожни белези – дисколорација на кожата. Не се вродени, а сепак може да се присутни уште од раѓање, но може да се појават и подоцна. Не треба да се грижат родителите, ниту пак да бараат некаков третман.

4. Атопискиот дерматит и егзема

4. Атопискиот дерматит и егземата се препознаваат по симптомите на црвена кожа која чеша, а се јавуваат како резултат на некој надворешен тригер фактор. Често се јавуваат кај деца со позитивна фамилијарна анамнеза за алергии. Егземот најчесто се јавува на образите. Со време кожата станува сува, тенка и лушпеста. Егземот најчесто исчезнува кон крајот на првата година. Атопискиот дерматит се јавува на целото тело. Третманот подразбира пронаоѓање и отстранување на факторот кој го провоцирал неговото појавување. Треба да се користат благи средства за капење и добро да се хидратизира кожата.

5. Сува кожа

5. Сува кожа – сува кожа која се лупи. Обично се јавува кај пренесени бебиња. Новата кожа е сепак здрава, мека и влажна. Доколку и по лупењето на површинскиот слој, кожата и понатаму е сува, направете консултација со вашиот педијатар.

6. Credle cappa - себороичен дерматит

6. Credle cappa – се јавува во тек на првиот или вториот месец, а кон крајот на првата година исчезнува. Познат е како себороичен дерматит, а се јавува поради преголемо лачење на маснотии. Се јавува како крустозен восочен црвен осип на скалпот, веѓите и челото, од страна на носот и позади ушите. Се користат посебни шампони, бебешки масла и одредени креми и лосиони за нега на деловите од кожата кои се зафатени.

7. Мали црвени папули

7. Мали црвени папули на делови од кожата кои се потат – милиариа рубра (врат, пеленска регија, раце и прегиби). Се препорачува ладна сува средина и лесна памучна облека. Може да се појават и во зимскиот период поради преоблекување на бебето.

8. Милиа – бели дамки

8. Милиа – бели дамки – најчесто на нос и лице, се должат на затнување на масните жлезди. Понекогаш се викаат бебешки акни, но бебешките акни се должат на хормоналните промени.

Обично исчезнуваат во тек на првите неколку недели без терапија.

9. Габични инфекции

9. Габични инфекции обично се јавуваат после користење на антибиотици. Со осип на јазик и букална лигавица, во пеленска регија, се јавува како црвенило со мали црвени островца на ивицата. Се лекува со антифунгална терапија - крем солуција.

10. Изгореници од сонце

10. Изгореници од сонце – пожелно е доенчињата да не се изложуваат директно на сонце во првите шест месеци. Подоцна се користат креми со заштитен фактор, капа и чадор, за заштита од директно изложување на нежната бебешка кожа на сончевите зраци. Усните, ушите и носот може да се заштитат и со крем кој содржи цинк оксид, телото се покрива со облека, а се препорачува и носење наочари.