Функција на кожата

Кожата е повеќеслоен плоснат орган. Функцијата на кожата е многукратна и неопходна за нормално функционирање на организмот. Кожата ги има следниве функции:


  • Бариерна функција – заштита на организмот од негативни влијанија од околината - (механичка заштита, антиинфективна заштита, термичка заштита, заштита од прекумерно губење на вода, пенетрација на разни хемиски материи, заштита од штетно влијание на сончевите зраци – УВ радијација).
  • Учествува во терморегулација
  • Имунолошка активност – учествува во неспецифичната одбрана на организмот. Преку неа организмот се запознава со надворешната средина и создава соодветен имунолошки одговор.
  • Сетилна функција (преку бројните нервни завршетоци и пачиниевите телца се воспоставува врска помеѓу надворешната средина и организмот).
  • Секреторна функција (пот и лој).
  • Синтеза на витамин Д под влијание на ултравиолетови зраци од сонцето.
Email Facebook Google LinkedIn Tumblr