Детергенти


Becutan течен детергент 1литар

Новиот течен детергент Becutan е ефикасен против нечистотијата, а неговата блага формулација збогатена со ензими, која ги отстранува дамките од облеката, истовремено е нежна за детската кожа.

Детергентот е наменет за перење на температура од 30 до 90°C и претставува одличен избор за чист и безбеден резултат.

Збогатената формулација со ензими ефикасно ги отстранува дамките од облеката, притоа задржувајќи го препознатливиот мирис на Becutan. Содржината од 1литар е наменета за 16 перења и прилагодена кон нежната детска кожа, што е потврдено со дерматолошки тестови.

 

Becutan омекнувач за алишта 1литар

Благата формулација на новиот Becutan омекнувач за алишта, збогатен со екстракт од алое вера, ги облагородува ткаенините подарувајќи им нежно чувство на свежина и мекост. Екстрактот од алое вера го прави производот погоден и за лица со чувствителна кожа. Производот е дерматолошки тестиран. 

Оваа избалансирана формула може да се користи на температура од 30 до 90°C, за машинско и рачно перење според наведениот  начин на дозирање.

 

Becutan течен детергент и омекнувач 1литар

Со формула избалансирана според високите стандарди на нежната детска кожа, овој 2 во 1 производ е најпрактичното решение за видливите последици од ‘‘динамичните активности‘‘ на нашите најмили.

Уникатна формулација од течен детергент и омекнувач 2 во 1, максимално ефикасна против нечистотијата и збогатена со природен екстракт од маслинка, овозможува истовремена чистота и мекост на алиштата и претставува одличен  избор и за лица со чувствителна кожа.

Прилагоден е и за двата типа на перење - рачно и машинско. По перењето, алиштата се меки, чисти и пријатно парфемирани.


Достапност:

1L

Email Facebook Google LinkedIn Tumblr

Поврзани производи