Како да ја заштитите кожата од оштетување:

 

  • Избегнувајте изложување на штетни фактори од средината (јаки сапуни, средства за бањање за возрасни, нанесување на средства, кои не се наменети за бебешка кожа).
  • Намалете го контактот со штетните фактори (урина, измет).
  • Пелените треба да се менуваат често.
  • Миење на кожата со млака вода, нежно впивање на водата од кожата особено во прегибите и да се избегнува нејзино триење.
  • Користете благи сапуни и купки специјално наменети за бебешка кожа.
  • Веднаш по секое миење со вода на добро исушена кожа нанесете заштитна крема специјално наменета за нега на бебешка кожа.
  • Користете бела памучна облека.
  • Не го претоплувајте вашето бебе, како што сте облечени вие, така облекувајте го и бебето• Одржувајте нормална температура и влажност во просторијата. Се препорачува температурата во просторијата да биде од 20 – 21 степен во зимските месеци.
  • Избегнувајте изложување на бебето на многу студено, ветровито време во зимските месеци или јако сонце во текот на летните месеци.
  • За заштита од сонце користете специјални креми за детска кожа со УВА и УВБ заштитен фактор минимум 15.


Одржување на здрава кожа како и превенција од изложување на токсични супстанции се предуслов за здрава кожа подоцна во животот.