Сите стручни лица се согласуваат дека доењето е најдобро за бебето. Тоа не само што претставува прехранбено најкомплетна храна за бебето, туку има и одредени користи како за бебето така и за мајката.


  1. Мајчиното млеко содржи антитела кои го заштитуваат бебето од инфекции. За време на првите три - четири дена по пoродувањето, градите почнуваат да лачат жолтеникав секрет наречен колострум, кој е богат со протеини, витамини, минерали и антитела, кои го штитат бебето од инфекции. Ако планирате да го дохранувате со адаптирани млека, одржувајте го доењето во тек на првите шест- осум недели, со што, ќе го заштитите вашето бебе.

  2. Мајчиното млеко содржи најидеална рамнотежа на прехранбени производи. Колострумот му обезбедува здрав прехранбен почеток на бебето.

  3. Мајчиното млеко се менува со промена на нутритивните потреби на бебето. Од првото млеко, колострално богато со лесно сварливи протеини, витамини и минерали, се менува во зрело млеко, коe ги задоволува потребите на бебето.

  4. Доењето обезбедува емоционална сигурност на бебето преку тесната поврзаност на мајката и бебето преку градата. Бебето помалку плаче и побрзо интелектуално се развива.

  5. Доењето и помага на мајката брзо да закрепне од породувањето. Цицањето стимулира лачење на хормони кои влијаат на брза контракција на матката, полесно согорување на калории и полесна контрола на тежината.